Најава: Бразил - Јужна Африка
25/06/2009 03:05

Во вториот полуфинален натпревар се среќаваат шампионот на Јужна Америка-победникот во групата Б, Бразил и домаќинот на овој Куп на Конфедерации - второпласиран во Групата А, Јужна Африка.


Ова би требало да биде далеку поинтересен фудбал од оној кој го имавме во првото полуфинале, пред се поради офанзивниот пристап на играта кој го имаат и двете репрезентации.


Јужноафриканците го остварија она што го посакуваа, пласман во полуфиналето. Може направија кикс во дуелот со Ирак, но потоа апсолутно го поправија впечатокот и одиграа два исклучително добри натпревари со Нов Зеланд и Шпанија.



Најголемиот проблем кај домаќините на наредното Светско првенство е недисциплината во офанзивата и неефикасноста на нападот. Имаат доста добри офанзивни крила, но тие се и премногу себични и гледаат сами да ја завршат акцијата што е доста лошо, особено во вакви многу важни натпревари. Мора малку да се дисциплинираат и да пробаат да одиграат како вистински тим.


Ќе имаат повторно френетична подршка од публиката која беше феноменална во досегашниот тек од натпреварувањето. Тоа ќе биде мотив повеќе за да ја совладаат најтрофејната светска репрезентација, а секако и победата на САД само им докажува дека нема фаворити во натпреварите.


Ниваната најголема опасност како и во досегашниот тек од турнирот ќе доаѓа од Паркер, Модисе, Пиенар и офанзивниот Гакса. Тоа значи дека ќе се обидат по бочните позиции или евентуално контра напади за да се искористи нивната продорност. Играта на Бразил со офанзивни бекови од калибарот на Маикон и дозволува таков пристап на играта против нив.


Единствениот проблем би можело да биде евентуалното неиграње поради повреда на нивниот најдобар фудбалер Паркер. Тој е под знак прашалник, но по се изгледа ќе игра.


Бразилците пак од друга страна ќе се борат со нов предизвик. Да бидат најдобрата репрезентација на Купот на Конфедерации. Досега имаат две титули исто како и Франција со триумф тука ќе се издвојат сами на врвот.


После поразот на Шпанија, тие се и главните фаворити и би требало да имаат лесна на задача до крај.



Апсолутно се ќе зависи од нив и од нивниот пристап на овој натпревар. За нивните квалитети не треба воопшто да се разговара. Тука се Кака, Робињо, Луис Фабијано, Маикон, тоа се се фудбалери кои сами можат да го решат натпреварот. Ќе треба само да ги реализираат шансите кои ќе им се укажат. Досега Фабијано имаше одлична реализација, настап и затоа не би требало да се има проблеми околу тоа.


На овој турнир покажаа доста добра воиграност на прекините каде Лусио и Хуан се многу опасни и досега преку такви напади постигнаа неколку гола. Тоа и ќе биде најголемиот проблем за Јужно Африканците, исто како и нивниот нешто послаб голман за разлика од останатите селекции кои им се спротиставија на Кариоките.


Бразил се големи фаворити и не би требало да има уште едно изненадуваење од типот на САД. Две по ред би било премногу.


Можни состави:


Јужна Африка: Кун, Гакса, Мокоена, Масиела, Бут, Сибаја, Модисе, Дикачој, Пиенар, Паркер и Машего.


Бразил: Цезар, Маикон, Хуан, Лусио, Андре Сантос, Мело, Жилберто Силва, Елано, Кака, Робињо и Луис Фабијано


 


мој тип: 3:1


gringo/sportski.mk 

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0894][84]