Галиани: Ќе пристигне или Макси Лопез или Тевез
23/01/2012 13:42
Галиани: Ќе пристигне или Макси Лопез или Тевез

Медиумите во Италија денеска објавија дека играчот на Катанија, Макси Лопез е практично играч на Милан и недостасува само официјална потврда на трансферот.

„Скај Спорт“ соопшти дека Макси Лопез утрово пристигнал во Милано за да го изврши медицинските прегледи и дена наскоро и официјално ќе биде претставен како нов играч на Милан, а тоа за медиумите го потврди и претседателот на Катанија.

„Макси Лопез е практично играч на Милан, само мораме да почекаме уште неколку дена. Милан мора прво да реши некои ситуации, но договорот е заклучен“, изјави претседателот на Катанија, Пјетро Ло Монако.

Веднаш потоа во јавност се огласи и првиот оперативец на ’росонерите’, Адриано Галиани.

„Ситуацијата е едноставна. Ние имаме договор со Катанија и со играчот. Доколку не дојде Тевез ќе пристигне Макси Лопез, или едниот или другиот. Сеуште чекаме информации околу ситуацијата со Тевез бидејќи тој е нашиот прв избор“, изјави Галиани пред медиумите.

Инаку Тевез викендов ја одби фантастичната понуда од ПСЖ, кој му понуди три и пол годишен договор со заработка од 11 милиони евра по сезона, плус 10 милиони евра бонуси, бидејќи сака да игра во Италија.
Сега се чека одговор од Манчестер Сити, а агентот на Тевез, Киа Јорабчијан изјави:

„Ние бевме во Париз за да ја слушниме ниваната понуда само поради учтивост и почит кон Анчелоти. Тој е еден од најдобрите тренери во светот, ако не и најдобриот. Сепак, желбата на Карлос е јасна, и економскиот фактор не е пресуден во неговиот избор. Доколку не беше Анчелоти во Париз ние воопшто немаше ни да почнеме преговори со ПСЖ“, изјави агентот на Тевез.


Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0872][87]