Комбоаре: Анчелоти има само звучно име
20/01/2012 12:33
Комбоаре: Анчелоти има само звучно име

Довчерашниот тренер на Пари Сент Жермен, Антоан Комбоаре вели дека беше сменет од функцијата затоа што сопствениците на клубот сакале некое звучно име.

Комбоаре вели дека од поодамна знаел дека ќе биде сменет, но не се смета себеси за послаб тренер од Анчелоти.

„Се чувствуваше во воздухот дека ќе бидам сменет. Пред последниот натпревар од есенскиот дел им кажав на соработниците дека тоа ќе ни биде последен натпревар. Можам да ги разберам сопствениците, од самиот почеток бараа некое звучно име“, вели Комбоаре.

„Јас не сакам да ги спорам трофеите кои ги има освоено Анчелоти, но навистина не мислам дека сум инфериорен. Меѓу другото, никогаш нема да прифатам тоа што некој го сменува тренерот кој е на прво место на табелата“, вели францускиот стартег, кој очигледно заборавил дека звучното име и репутацијата се создава со освојување трофеи, а за тоа треба квалитет.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0935][88]