Фасцинантната снимка која од доаѓа од одбојкарскиот натпревар помеѓу Тиањин и Арми во кинеското првенство, стана хит на Јутјуб.
Имено, еден поен на почетокот на четвртиот сет траеше повеќе од 2 минути! Девојките покажаа фантастична борбеност, а во неколку наврати двете екипи се спасија со навистина спектакуларни фрлања по топката.
Гледачите видоа дури 16 размени, а на крајот поенот го доби екипата на Тиањин.