Агентот: Иднината на Пандев е неизвесна
09/01/2012 13:26
Агентот: Иднината на Пандев е неизвесна

Нашиот репрезентативец Горан Пандев полека влегува во својата препознатлива форма, и после лошата сезона во Интер, конечно почна да ги тресе мрежите во дресот на Наполи.

Меѓутоа Пандев е со нерешен статус бидејќи во Наполи настапува како позајмен играч, а дека неговата иднина е неизвесна потврди и неговиот агент, Палавичино.

„Наполи направи силен потег со доведувањето на Варгас, па сега иднината на Пандев зависи од многу работи, но јас ќе бидам среќен доколку тој остане во Неапол“, вели Палавичино за италијанските медиуми.

„Пандев е момче на кого многу поважни му се човечките аспекти од колку економските. Во Милано му одеше лошо но треба да се земат во предвид сите потешкотии низ кои помина, но и притисокот што го има во големите клубови. Пандев во Наполи го врати достоинството што е поважно од било која банкарска сметка“, прокоментира агентот на нашиот репрезентативе капитен.
Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.1118][88]