Прањиќ платил од својот џеб 700 000 евра за да потпише со Баерн
23/06/2009 02:29


Хрватскиот репрезентативец Даниел Прањиќ од свој џеб издвоил 700 000 евра само за да може да го комплетира трансферот во Баерн Минхен.


Ова Прањиќ го соопштува на холандскиот весник Voetbal Internacional.


“Во понеделникот(вчера) сабајлината добив позив во кој ме известија дека Херенвен сака уште пари од Баерн, а Баварците поради тоа сакале да ги откажат преговорите.“


“Во тој момент одлучив да ја платам разликата помеѓу бараната на Херенвен и онаа која Баерн се спремни да ја платат. Херенвен бараше 7.7 милиони евра, а Баерн не сакаше да плати повеќе од 7 милиони.“


“Така да на крај испадна дека овој трансфер и мене ме чинеше доста пари. Сепак среќен сум што се најпосле се заврши.“


“Тука во Херенвен поминав 4 години и разочаран сум од клубот поради начинот на кој сето ова се заврши.“ 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0306][76]