На АТП турнирот в Барселона познати се полуфиналистите.
Со победата на Николај Давиденко над Радек Степанек 6-7 6-2 6-2, Русинот се пласираше во полуфиналето. Таму Русинот ќе игра со Рафаел Надал Шпанецот е во серија од 4 титули по ред во Барселона. Лидерот на АТП листата лесно си обезбеди пласман во полуфиналето, бидејќи Давид Налбандијан го предаде четвртфиналето поради повреда.

Во остантите дуели, 5от носител Фернандо Гонзалез со 6-3 4-6 6-4 го совлада 2от носител и во полуфиналето обезбеди дуел со финалистот од минатата година Давид Ферер, кој со 6-3 6-4 го совлада победникот од 2004год Томи Робредо.