Кејхил преминува во Челзи
21/12/2011 14:49
Кејхил преминува во Челзи

Гери Кејхил од јануари ќе ја продолжи својата кариера во дресот на Челзи, откако актуелниот вицешампион на Англија успеа да се договори со Болтон околу деталите за овој трансфер.

Веќе подолго време за услугите на Гери Кејхил се заинтересирани неколку клубови од Премиер лигата меѓу кои се Арсенал и Тотенхем, но битката за еден од најдобрите дефанзивци во Англија ја доби Челзи.

Според пишувањата на англиските медиуми, Челзи и Болтон се договориле околу трансферот на фудбалерот, а цената која ќе ја исплати тимот од Стемфорд Бриџ изнесува седум милиони фунти. Одличниот 26-годишен дефанзивец имаше само уште шест месеци од актуелниот договор со Болтон, па затоа челниците на овој клуб беа принудени да ја прифатат понудата од седум милиони фунти, иако летоска бараа двојно повеќе пари за својот капитен.

Кејхил во Челзи доаѓа како потребна замена за Џон Тери, кого го очекува истрага за расизам и откако Луис Суарез беше казнет со осум натпревари неиграње, за очекување е англискиот капитен да заработи барем идентична, ако не и поригорозна казна ако се знае дека против него има поконкретни докази отколку против голгетерот на Ливерпул.
Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.1066][86]