Шева ја разгледува опцијата за Рома
22/06/2009 14:18


Андреј Шевченко ја покани Рома да достави понуди до Челзи за негов ангажман. Тој рече дека подготвен за таков чекор и дека Лучијано Спалети му е еден од омилените тренери, а и во добри односи е со Франческо Тоти.


“Имам уште една година од договорот со Челзи и подготвен сум да го испочитувам до крај.“


Ако има некоја конкретна понуда тогаш сум спремен заедно со Челзи да ја простудираме. Ако не е возможно да ја продолжам мојата кариера во челзи тогаш ќе ги разгледам и другите опции.“


Го сметам Спалети за одличен тренер, доста серозен и подготвен. Тој е способен да го извади максимумот од играчите. Кога се сретнував со него имаше позитивна атмосфера меѓу нас. Исто и Франческо Тоти ми е добар пријател. Тој е симбол на еден многу голем клуб.“ - заврши Шева во изјавата за Corriere.


Освен Рома во игра е и Динамо Киев, но неговата плата преставува проблем за Украинците.


На 9-ти јули им се приклучува на Челзи како дел од подготовките за наредната сезона. 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0403][78]