Раководството на Тотенхем има високи aмбиции за јануарскиот преоден рок, а менаџерот Хари Реднап изјави дека нема намера да продава играчи туку сака да го засили постоечкиот состав.
Првиот пик на „шокинг листата“ кај искусниот стартег е фудбалерот на Реал Мадрид,
Рикардо Кака, кој треба да ја зголеми креативноста во средниот ред. Бразилецот иако оваа сезона има поголема минутажа кај
Жозе Мурињо, сепак тешко се бори со силната конкуренција кај ’кралевите’.
Хари Реднап има големи симпатии кон Бразилецот, па англиските медиуми пишуваат дека веќе побарал од раководството на клубот да испрати понуда за позајмица на некогаш најдобриот фудбалер на планетава.
Сепак, се верува дека мали се шансите за реализација на овој проект, бидејќи Бразилецот во неколку наврати истакна дека сака да остане во Реал Мадрид и поради тоа одби да се врати во ’својот’ Милан во летниот преоден рок.