
Се случи најневеројатната варијанта во Групата Б. САД успеа да направи чудо над Египет, а Бразил со 3-0 го посрамоти светскиот првак, Италија.
САД успеа да го совлада Египет со 3:0 и благодарение на победата на Бразил над Италија се пласираше во полуфиналето од Купот на конфедерации.
На крај САД со вкупна гол разлика од 4-6 и 3 поени се втори пред Италија која има 3 поени и 3-5, а Египќаните се последни со 3 поени и гол разлика 4-7.
Сепак решаваше меѓусебната гол разлика меѓу овие три екипи. САД на крај заврши со 4-3, Италија со 3-2, а Египет со 1-3. Затоа и Американците мораше да победат со 3-0 или повеќе при пораз на Италија со Бразил.
Далеку поинтересен натпревар беше оној помеѓу САД и Египет. Прекрасни можности за гол имаа и двете репрезентации, но само Јенките профитираа. На крај ќе се покаже дека отсуството на најдобриот играч на Египет Мохамед Зидан кој се повреди на дуелот со Италија како клучно. Неверојатна разлика имаше во играта на Фараоните со и без него. Некако безопасно делуваа нападите без Зидан.
Првиот гол падна во во 22-та минута, а стрелец беше Дејвис после една катастрофална грешка во одбраната на Египет и голманот Хадари.
Во првиот дел Американците имаа многу неискористени шанси и голманот Ел Хадари повторно беше на работ да биде јунак. Најпрво Мајкл Бредли испушти голема шанса уште во 14-та минута. Потоа Донован направи слалом, но Хадари храбро му влезе во шутот. При крајот на полувремето уште еднаш Бредли и Дејвис имаа стопостотни шанси, но не ги искористија.
Во вториот дел уште на стартот Алтидори имаше неверојатна шанса, но од гол линијата Ел Мухамади спаси сигурен гол. Сепак тоа не се случи во 63-та кога овој пат од слична ситуација Бредли реализираше за 2-0.
Во 70-та минута по асистенција на Демпси, Кларк со глава погодува за 3-0 и пласман за полуфинале.
Потоа Америкаците се повлекоа и тоа можеше скапо да ги чини во 92-та минута кога Гома со глава за многу малку биеше над голот. Голема шанса кој можеше да ги чини и пласман во полуфинале ако погодеа.
![]()
На другиот натпревар помеѓу Италија и Бразил, Италијанците едноставно беа порамотени. Се беше готово за само 8 минути.
Најпрво Луис Фабијано во 37-та го отвори резултатот. Потоа во 43-та уште еднаш Луис Фабијано реализира, по акцијата на Робињо и Кака. Во 45-та беше поставен конечниот резултат. По нафрлувањето на Робињо, Досена беше несреќен и си постигна автогол.
Претходно убави шанси имаа на два пати Лусио, Луис Фабијано, а уште на стартот Рамирес ја погоди пречката во 7-та минута по акцијата со Фабијано.
Единствените убави можности за Азурите кои максимално разочараа на ова натпреварување ги имаа Каморанези во првиот дел и Џузепе Роси во вториот и тоа по удари од далечина.
Во вториот дела Кака имаше две шанси за гол, но успеа да постигне гол.
Со ова познати се полуфиналните двојки. Шпанија - САД и Бразил - Јужна Африка. Турнирот продолжува во среда кога играат Шпанците и Американците.