Натпреварот од СЕХА-лигата меѓу Босна и Металург што требаше да се одигра утре сепак нема да биде на програмата на ова регионално натпреварување.
Причина се големите финансиски проблеми со кои што се соочува босанскиот шампион, поради што челниците на Босна дури и испратија барање до Металург дуелот да го води судиска двојка од БиХ, а не од некоја неутрална земја.
Откако ваквото барање беше одбиено, на крајот беше донесена одлука натпреварот да биде одложен. Па затоа многу еверојатно Босанците да ја прифатат понудата понудата на Металург двата натпревари да се одиграат во Скопје, на 18-ти и на 20-ти декември, при што трошоците би ги покрил македонскиот шампион.