Пике може да настапи на Ел Класико
02/12/2011 15:44
Пике може да настапи на Ел Класико

Челниците на Шпанската фудбалска федерација не го казнија дефанзивецот на Барселона со уште еден натпревар суспезија, бидејќи проценија дека неговиот жолт картон не бил намерен. Поради тоа стоперот ќе го пропушти само диелот со Леванте, а ќе биде на линија за „Ел Класико“.

Пике во победата од 4:0 над Рајо Ваљекано заработи жолт картон во 83. минута заради задржување на играта, што му беше петти жолт картон во оваа сезона. Предвидената казна за акумулирани картони е суспензија од еден натпревар, но шпанските медиуми шпекулираа дека Пике може да добие и казна од дополнителен натпревар, ако се докаже дека жолтиот картон против Рајо го добил намерно.

Сепак на крајот тоа не се случи, фудбалскиот сојуз на Шпанија процени дека нема да има дополнителни санкции, земајќи ја во предвид и изјавата од судијата Мигуел Анхел Перез Ласа.

Така Пике ќе го пропушти саботниот натпревар на домашен терен против Леванте, а ќе биде во тимот за двобојот со Реал Мадрид.
Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0904][76]