Видео: Барса се врати на старите патеки
30/11/2011 11:21
Видео: Барса се врати на старите патеки

Барселона на вистински начин се опоравува од саботниот пораз од Гетафе и синоќа на својот „Ноу Камп“ убедливо го совлада составот на Рајо Ваљекано со 4:0.

Барселона го сруши отпорот на Рајо по 30 минути кога Алексис Санчез постигна гол по подолга пауза, а веќе во 41-та минута истиот фудбалер по асистенција на Чави зголеми и на 2:0. По две минути Давид Виља го постигна третиот погодок и Барселона на полувремето замина со висока предност од 3:0, а конечниот резултат го постави Лионел Меси.



„Многу е важно што дојдовме до победата по саботниот пораз. Одигравме навистина добро потив Рајо. Отваривме лесна и висока победа на домашен терен и покажавме дека дома сме во добра форма. Мора да продолжиме со добрите игри и резултати за да ги оствариме планираните цели“, изјави Виља по натпреварот.




Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.1011][76]