Судијата самоубиец сместен во болница
21/11/2011 12:32
Судијата самоубиец сместен во болница

Германскиот судија Бабак Рафати кој се обиде да изврши самоубиство непоредно пред натпреварот од Бундес-лигата меѓу Келн и Мајнц, се наоѓа во болница и се опоравува од повредите што самиот си ги нанесе.

Имено, Рафати се обиде да се самоубие сечејќи си ги вените, но за среќа навреме бил откриен и пренесен во болница. Претседателот на Германската фудбалска федерација, Тео Цванцигер истакна дека Рафати е под посебен надзор и дека ќе мора да помине одреден период додека повторно му се врати на судењето.

„Судијата Рафати е добро згрижен и во моментов се опоравува од повредите, а лекарите се обидуваат да ја вратат и неговата психолошка состојба во нормала. Се надеваме дека со него се ќе биде в ред и дека по одреден период повторно ќе можеме да го гледаме на стадионите во Бундес-лигата“, изјави Цванцигер.

Германските медиуми почнаа да шпекулираат и со причините за обидот за самоубиство и според нив, големите долгови се причина за Бабак Рафати да посегне по својот живот, но сеуште нема официјални информации во врска со случајот.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0838][81]