Абидал пред заминување од Барса
18/11/2011 11:15
Абидал пред заминување од Барса

Ерик Абидал има договор со каталонскиот клуб до јуни 2012 година, а според зборовите на неговиот агент тој е поблиску до заминување од клубот отколку продолжување на верноста.

Давид Вендители, агентот на Ерик Абидал изјави дека приоритет на играчот е останување во Барселона, но изрази жалење што нема прогрес во преговорите за нов договор и побара од клубот поголема почит кон играчот.

„Во овој момент, со прогресот кој се бележи, би рекол дека се зголемуваат шансите Абидал да замине од Барселона. Преговорите ќе продолжат. Имаме добар однос со Барселона но сеуште немаме постигнато согласност“, вели агентот на Абидал.

„Сакаме конкретен договор без варијации. Не се проблем парите, туку поддршката и довербата кон Абидал. Иако клубот е фантастичен према нас, ние имаме право да гаиме лични амбиции за нов договор“, заклучи Вендители.

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0994][80]