Конечен распад на Ф1 - од 2010 две натпреварувања
19/06/2009 20:45



Ниту на последниот состанок на претставниците на ФИА и ФОТА (Здружението на Ф1 тимови) не е постигнат договор за правилата за следната сезона, пред се по прашањето за ограничување на буџетот на 45 милиони евра.

Така, oсум екипи на ФОТА (Ферари, Мекларен Мерцедес, Браун ЏП, БМВ-Заубер, Тојота, Ред Бул, Торо Росо и Рено) од следната сезона ќе ја напуштат Формула 1 и ќе формираат сопствено првенство.

Од тимовите кои сезонава настапуваат во Формула 1 ќе останат само Вилијамс и Форс Индија.

Конечната одлука за преземање на ваков чекор ФОТА ја донесе денеска, по состанокот со челните луѓе на Меѓународната автомобилска асоцијација (ФИА) и претседателот за комерцијалните права за натпреварите Берни Еклстоун.

„Стана јасно дека повеќе не можеме да правиме компромиси околу фундаменталните вредности на овој спорт и затоа одбивме да се пријавиме за трките во Формула 1 следната сезона. Не ни преостанува ништо друго освен да формираме сопствено натпреварување. Тоа натпреварување ќе има транспарентна управа, со свои правила и ќе поттикнува приклучување на нови екипи, а ќе ги слуша и желбите на навивачите, како и на важните деловни партнери и акционери“, се вели во денешното соопштението на ФОТА.

„ФИА е разочарана, но не и изненадена од неспособноста на ФОТА да постигне компромис во најдобар интерес на спортот. Во ФИА не можеме да си дозволиме нова ’финансиска трка во наоружување’“, се наведува во соопштението на ФИА.

Последниот рок за пријави за следната сезона во Формула 1 истекува вечерва. ФИА за новата сезона во Ф1 трките предвиде 13 екипи односно 26 болиди. До сега учество најавија Форца Индија и Вилијамс од годинашниве, како и новите екипи Кампос, Менор и УС Ф1.


 


Извор: Таратур

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0805][76]