Гвардиола: Мурињо веројатно е најдобар во светот
11/11/2011 10:11
Гвардиола: Мурињо веројатно е најдобар во светот

Тренерот на Барселона Пеп Гвардиола вели дека неговиот најголем ривал Жозе Мурињо е најваројатно најдобриот тренер во светот.

Каталонецот кој е на чело на Барселона од 2008-та година и освои 12 трофеи со што стана најуспешен тренер во историјата на клубот. Гвардиола беше многу добар фудбалер во 90-те години, но тој самиот истакна дека кариера како фудбалер не е неопходен услов за да бидеш добар тренер, а пример за тоа се Ариго Саки и Жозе Мурињо.

„Не е задолжително да си играл фудбал за да станеш голем тренер. Ариго Саки го промени овој спорт без да играл, а Жозе Мурињо најверојатно е најдобриот тренер во светот“, изјави Гвардиола.

„Кога бев играч, видов дека сум во ситуација кога не можам да дадам повеќе од себе. Знам дека и како тренер ќе биде исто. Знам дека ќе дојде денот кога ќе бидам уморен и ќе се откажам. Се надевам дека ќе дојде тој ден затоа што вообичаено тренерите добиваат откази пред тие да одлучат да си одат затоа што губат“, заврши Гвардиола.
Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0908][78]