Липи: Сега ќе мора да го победиме Бразил
19/06/2009 01:57


Селекторот на Италија Марчело Липи го обвини целиот состав за поразот кој го претрпеа од Египет со 1-0 во второто коло од Купот на конфедерации.


Мислам дека заслуживме барем еден гол. Нивниот голамн имаше навистина фантастичен натпревар и работите едноставно не одеа за нас како што треба.“


Египет одигра два одлични натпревари тука. Ние сме во тешка група, многу поразлична од останатата. Сепак ќе мора да победиме со Бразил. Ќе мора да преземеме иницијатива.“


“Не бевме доволно агресивни. Не игравме како што и се договоривме. Кога Египет започна да игра како што треба тие и постигнаа гол, за разлика од нас.“


“Игравме доста добро во вториот дел и создадовме доста шанси. Египет одиграа одлично второ полувреме со Бразил и одлично прво полувреме со нас.“ - заврши Липи во интервјуто дадено после натпреварот со Египет кој Азурите го изгубија со 1-0. 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0845][68]