Со еден ден закаснување, но пред голем аудиториум, првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ја прослави Ноќта на вештерките. На теренот во салата во Базел влезе со ’застрашувачка’ маска на главата.
Во првото коло на турнирот во Базел Ѓоковиќ го помина ’застрашувачкиот’ пат со Хавиер Малисеј. Ноле го победи 31-годишниот тенисер после голема борба 6:2, 4:6 и 7:5 и така ја оствари првата победа после финалето на УС Опен, каде славеше над Надал.
„Ноќта на вештерките обична паѓа во текот на турнирот во Париз. Овај пат дојде една недела порано, но го задржав својот обичај. И тогаш во Париз во главно изглгувам со некоја маска на себе, па не сакав да ја прекинам традицијата. Се надевам дека никој не се уплаши“, изјави српскиот тенисер кој ’страшната’ маска ја стави на својот стол и таму стоеше во текот на целиот натпревар.