Египет го победи светскиот првак Италија со 1-0
19/06/2009 01:20

Тоа што Египѓаните не успеаа да го валоризираат на првиот дуел со Кариоките кога заслужија минимум бод, успеа да го сторат денес со победата над светскиот првак Италија од 1-0.


Ова може за нив е најголемиот успех во историјата на нивниот фудбал. Во било кој спорт да совладате светски шамион е навистина нешто посебно. Дури и во повеќето боречки спортови во тој случај победникот ја презема титулата.


Фараоните покажаа дека може после Аргентинците го играат најдисциплираниот и најтимскиот фудбал во светот. Вакво нешто за ниту една африканска репрезентација не важи.  


Толку воиграна и дисциплинрана репрезентација ретко се наоѓа и во Европа. Премногу добро се познаваат сите фудбалери на теренот и знаат кој што може да направи и затоа и не се форсираат. 


Затоа и после повредата на Зидан се сети колку е само лошо кога ќе им фали една алка. Потоа во нападот беа како изгубени и немаше кој да повлече контра, а имаа еден куп шанси за такво нешто.



Сепак на крај како клучен играч на овој натпревар се покажа голманот Ел Хадари, кој имаше 5-6 фантастични одбрани, особено во дуелите со Јакинта. Дефинитивно играч на натпреварот.


Италијанците и немаа некоја доминација. Првото полувреме беше израмнето, па дури и Египѓаните беа поопасни во нивните акции и ако не беа Киелини и Замброта да спасуваат неколку пати во последен момент може и подруг ќе беше резултатот уште тогаш. 


Но сепак пред крајот на првиот дел во 41-та минута 1-0 за Египет. Абд Рабу шутираше од далечина, Буфон исфрли во корнер. Абутрика убаво нафрли, а Хомос осамен на петерецот со глава погодува. Трета асистенција за Абутрика на ова натпреварување.


Италијанците имаа два опасни шутеви од далеку во првиот дел. Еден на Роси и еден на Јакинта.


Во вториот дел, притисокот од позитивен резултат по се изгледа остави вилијание на играта на Фараоните и воопште не наликуваа на себеси. Премногу почетнички грешки. Неповрзани акции. Сето ова го користеа Азурите.


Најголем лузер беше Јакинта. Напаѓачот на Јувентус покажа зошто на 30 натпревари за Италија досега има само 4 гола. Во второто полувреме имаше 4 стопостотни шанси, но Хадари му одбрани се.


Сега ситуацијата во групата Б е максимално замрсена. Египет со победа над САД одат сигурно понатаму. Додека Италијанците ќе треба да победат со два гола разлика за да одат понатаму. Секако ова во случај ако Египет победи со Јенките. Со победа од 3-0, а пораз на Италијанците дури и САД има шанси за полуфинале. 








Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0900][66]