Еден Хазар: Спремен сум да го напуштам Лил
31/10/2011 14:38
Еден Хазар: Спремен сум да го напуштам Лил

Талентираниот плејмејкер и ѕвезда на Лил, Еден Хазар е мета на многу гиганти ширум Европа, и скоро сигурно ќе се води голема битка за неговиот потпис во наредниот преоден рок.

20-годишниот Хазар во интервју за „Л’Екип“ им испрати порака на заинтересираните екипи велејќи дека е спремен да го напушти Лил.

„Подготвен сум за следното ниво и да заиграм за голем клуб. Оваа година останав во Лил бидејќи сеуште требаше да поработам на некои аспекти од мојата игра, да се подобрам. Но сега сум подготвен. Нема да заминам во јануари, тоа би било глупаво. Но ова е мојата последна сезона во Лил“, изјави Хазар.

Се шпекулира дека ПСЖ е подготвен да плати оштета од 50 милиони евра за да стигне до услугуте на Еден Азар но репрезентативецот на Белгија вели дека нема да се пресели во друг клуб од Франција кога ќе замине од Лил.

„Париз не е за мене. Париз е магичен, и прекрасен град. Секако дека ме привлекува. Но во овој момент тоа не е опција за мене. Не сакам да се преселам во некор ривал на мојот клуб. На тој начин би ги предал нашите фанови. Сакам да играм во друга лига“, порача фантастичниот плејмејкер.




Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0830][61]