За разлика од дуелот во првото коло кога Бразил се мачеше со Египет, овојпат Кариоките едноставно ги растурија Американците и ова беше едно сосема друго издание од нив.
Стартната промена на Дунга со Маикон наместо Даниел Алвес беше она што направи многу разлика. Токму фудбалерот на Интер беше виновник за два од трите гола.
![]()
Најпрво уште во 7-та минута нафрли во шеснаестникот по еден слободен удар, а Фелипе Мело стрелаше за 1-0, а потоа во вториот дел и самиот се запиша во листата на стрелците во 63-та минута за 3-0 после додавањето од Кака во празно.
Вториот гол на Бразилците беше дело на Робињо откако Бисли киксираше при еден корнер на половината на Бразил. Повлече контра два на еден Рамиреш уште од својата половина, несебично во шеснанесетникот му ја додаде на Робињо и овој рутинирано стрелаше за 2-0. Тоа беше во 20-та минута.
И на овој натпревар Американците не останаа покусо, пак заработија црвен картон. Овојпат Кјештан, но сега во вториот дел.
Имаа и Јенките две убави можности за погодок, но Фејлхабер и дефанзивецот Кејси го погодија дирекот во 83-та и 86-та.
Со оваа победа, Бразил скоро и да обезбеди пласман во полуфиналето. Ќе треба Египет да ја совлада Италија, а Италија и Египет да слават во по два гола во последното коло за да не одат Кариоките.