Анжи спреми понуда за Видиќ
28/10/2011 17:39
Анжи спреми понуда за Видиќ

Рускиот фудбалски клуб Анжи од Махачкала не се откажува од намерата во своите редови да го донесе еден од најдобрите дефанзивци во светот и подготвува нова понуда до Манчестер Јунајтед за Немања Видиќ.

Според руските медиуми, сопственикот на Анжи, Сулејман Керимов е подготвен да понуди 25 милиони евра за Немања Видиќ. Челниците на Анжи сметаат дека сега е вистинскиот момент за купување на Видиќ затоа што тој веќе не е стандарден во редовите на Манчестер Јунајтед.

По долгата пауза заради повреда, Видиќ повторно се врати на терените, но сепак беше изоставен од составот на Јунајтед во градското дерби против Сити, а настапи на куп натпреварот против Алдершот.

Неодамна во медиумите се појавија информации дека првичната понуда на Анжи во висина од 18 милиони евра била одбиена од страна на Алекс Фергусон, но рускиот тим верува дека сумата од 25 милиони ќе го убеди раководството на ’црвените ѓаволи’.

Немања Видиќ во Манчестер Јунајтед пристигна во 2006-та година од Спартак Москва, а неговиот договор истекува во 2014-та година.
Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0943][58]