1.Cleveland Cavallers(66-16) - 8.Detroit Pistons(39-43)
Може Пистонс и ќе пружеа подостоен отпор ако во својот состав го имаа Ален Ајверсон, но без него во тимот ќе бидат само лесен залак. Точно Тајшон Принс е солиден дефанзивец и ќе му пружи добра одбрана на ЛеБрон, но тој сепак ќе си дојде до својот просек, само може неговиот процент на шут да биде расипан. Да не заборавиме дека и Кливленд играат и одлична одбрана така што Детроит ќе бидат запрени и во нападот, а ако се знае дека и без некоја одбрана нивниот напад е слаб тогаш уште толку се намалени шансите. Сезонава во регуларниот дел скорот е 3-1 за Кливленд, а Детроит во просек постигнувал само 81п против Кливленд.
Кливленд - Детроит 4 - 1
2.Boston Celtics(62-20) - 7.Chicago Bulls(41-41)
Одличната одбрана ќе биде главен адут на "детелинките" во овој дуел, особено е ова битно ако се знае дека пак од спротивната страна Чикаго има прилично добар напад, особено е квалитетен на бековските позиции, предводен од рукито Дерек Роуз и Бен Гордон. Тоа што не се нешто посебно на центарските позиции е добар знак за Бостон и можност со лесно да си поминат. Сепак во последниот нивни натпревар сезонава Булси ги совладаа Бостон(без Гарнет) на домашен терен и со тоа го намалија скорот на 2-1.
Бостон - Чикаго 4 - 3
3.Orlando Magic(59-23) - 6.Philadelphia 76ers(41-41)
Сепак Филаделфија ќе има адути во бековските позиции. Дуото Андре-Андре како и Тадеус Јанг ќе бидат доста опасни за Орландо и ќе претставуваат главна опасност по кошот на Магичните. Ако Кортни Ли и Пјетруш не изиграат добра одбрана против нив можно е да се случи изненадување уште во првата рунда во источната конференција. Сеознава Орландо има 3-0 во пресметките во регуларниот дел со Филаделфија. Само да напоменам дека сезонава D 12 има катастрофални 16п во просек против 76ките. Сето тоа кажува дека ова ќе бидат неизвесни дуели.
Орландо - Филаделфија 4 - 2
4.Atlanta Hawks(45-37) - 5.Miami Heat(43-39)
Јастребите се благи фаворити во овој дуел, не само поради домашниот терен туку по нивната одлична тимска игра. Ако во Мајами се се врти околу најдобриот стрелец сезонава во лигата, Вејд, во Атланта имаат 6 играчи со над 10п во просек, во кој лидер е Џо Џонсон. Доброто за "жешките" е што во последниов месец се разигра и рукито Бисли кој апсолутно разочара во регуларниот дел, многу повеќе се очекуваше од него. Доброто за Атланта е што ќе имаат добар чувар за Вејд во Џош Смит. Лани во регуларен дел го "залепи" во последната секунда и им донесе победа на Хавкс. Предноста која ја имаат во плеј позицијата исто може да биде клучна. Искусниот Биби против рукито Челмерс треба да биде missmatch кој мора да го искористи Атланта ако сака да оди во наредна рунда. Да не заборавиме дека Вејд е во фантастична форма и дека во плеј-оф може да биде семоќен и да има и по 40п во просек по натпревар и тоа ќе биде единствената шанса на Мајами во овој дуел, друг некој адут немаат. Сезонава Атланта има 3-1 скор со Мајами. Интересно е што ниту еден тим во овие дуели нема отидено преку 100п.
Атланта - Мајами 4 - 3