Се исплати да бидеш ФИФА
27/10/2011 16:01
Се исплати да бидеш ФИФА

Светската куќа на фудбалот потврди дека продаде дел од ТВ правата за првенствата во 2018-та и 2022 година за сума од 1,85 милијарди долари.

Од вкупната сума дури 1,2 милијарди се од тероторијата на САД, додека ТВ правата за двата Мундијала продадени се на ТВ Фох, Телемундо и на радиото Фудбол де Примера. Во оваа сума со свој удел учествуваат и СБС од Австралија, Бел Медиа од Канада и ИМЦ од Карибите.

Ова е само втор дел од продадените ТВ права, бидејќи првата продажба се одржа во март годинава кога ФИФА инкасираше 1,7 милијарди евра продавајќи ги правата за подрачјето на Средниот Исток, еден дел од Азија и Латинска Америка.

Се очекува ФИФА да заработи далеку повеќе во последниот дел на продажбата бидејќи останаа уште Кина, Индија и Европа. Инаку преговорите за продажбата на ТВ правата со заинтересираните од Кина и Индија ќе ги води внукот на Сеп Блатер, Филип Блатер кој е претседател на компанијата „Sports and Media“, која победи на конкурсот објавен од ФИФА.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0977][48]