Бразилскиот феномен Нејмар беше член на жирито на еден натпревар во „фристајл“, одржан во Рио. Во текот на вечерта, фудбалерот на Сантос беше предизвикан од Французинот Шон Гарние, кој со својата умешност за момент го посрамоти славниот фудбалер.
Сепак, мора да се признае дека на Гарние ова му е специјалност, но и Нејмар располага со завидна техника, што всушност го прави и еден од најбараните играчи на фудбалскиот пазар.