Не престануваат шпекулации за младиот и талентиран Белгиец од редовите на Лил, Еден Хазар. Медиумите секојдневно известуваат за интересот на големите клубови, а последен се поврзува со негов ангажман е тимот на Челзи.
Еден Хазар е играчот за кој се заинтересирани неколку големи европски клубови, а судејќи според изјавите на директорот на академијата на Лил,
Жан-Мишел Вандам, најблиску до негов ангажман е тимот на Челзи.
Иако се веруваше дека во предност е Реал Мадрид, пред Арсенал, во игра се вклучи и Челзи. Според Вандам, трансферот на Азар во таборот на ’сините’ би можел да чини дури 45 милиони евра.
„Челзи го следи најдолго време и тоа го прави највнимателно. Од Реал се уште не покажале никаков интерес, но мислам дека играат паметно и ќе испратат понуда кога ќе мислат дека е време за тоа. Не е исклучено во игра да се вклучи и Барселона. Она што е јасно е дека клубот кој сака да го купи ќе мора да плати висока сума, веројатно не помала од 45 милиони евра“, изјави Вандам за медиумите.
Покрај шпанските гиганти , Арсенал и Челзи, и имињата на Манчестер Сити и Интер се спомнува како можна дестинација за Белгиецот.