Видео: Кралевите се релаксираа со картинг – најбрз Гранеро
21/10/2011 11:56
Фудбалерите на Реал Мадрид по вчерашниот тренинг имаа можност да се релаксираат со картинг и да ги покажат своите возачки вештини.
Германскиот автомобилски гигант, Ауди синоќа на кој фудбалерите на Реал Мадрид им приреди интересен настан во кој играчите возеа картинг, а освен тоа секој доби по еден нов автомобил од Ауди кој е спонзор на Реал Мадрид.
На патеката Карлос Саинз во Мадрид, без присуство на Жозе Мурињо, фудбалерите на кралскиот клуб се релаксираа возејќи картинг пред да се вратат на обврските што ги очекува овој викенд и натпреварот против Малага во шпанската Примера.
Поделени на две групи, (домашни и странски играчи), фудбалерите извозеа две квалификациски трки за пласман во финалето. Во првата трка испаднаа играчи како Икер Касиљас и Кристијано Роналдо.
Касиљас призна дека не сака брзо возење, додека Чаби Алонсо имаше проблем со картингот, па не успеа да се пласира во финалната трка.
Во финалната трка најбрз беше Естебан Гранеро, кој се пласираше пред Карим Бензема и Серхио Рамос. За организирање на овој настан беше задолжен Ауди, кој е еден од спонзорите на Реал Мадрид, а првиот човек на клубот Флорентино Перез изјави:
„Во оваа сезона имаме големи очекувања, па играчите со вакви настани се ослободуваат од притисокот и се дружат, што е најважно за тимскиот дух“.