После три одиграни кола Милан има две победи и едно реми на гостувањето кај Барселона, што е одличен скор за ’росонерите’ на половина од групната фаза во Лигата на Шампионите.
Алегри е задоволен од неговиот тим и вели дека целта е да се биде прв во групата.
„Оваа вечер беше важно да победиме, па можеме да кажеме дека сме на чекор до следната фаза. Сега нашата цел е да бидеме први во нашата група, тоа ќе биде одличен резултат за нас. Ја враќаме формата. Пред нас е важен месец во Серија А и Лигата на Шампионите, па потребно е да се приближиме до врвот во домашното првенство“, изјави Алегри по натпреварот со БАТЕ ко ’росонерите’ го добија со 2:0.
Стрелецот на првиот гол и инспиратор на победата,
Златан Ибрахимовиќ, е исто така задоволем и вели дека тимот станува се подобар од ден на ден.
„Создадовме многу шанси благодарение на тоа дојдоа и головите. Игравме добро и победата е важна за нашата самодоверба. Доколку тимот игра добро, играм и јас, и можеме да продолжиме така. Одлично комбинираме во нападот и тоа не прави многу поопасни за противникот. Тимот од ден на ден е се подобар и ако продолжиме вака можеме да стигнеме далеку“, заклучи Ибра по натпреварот.