Британските историчари пронајдоа докази дека фудбалот се играл 300 години порано отколку што се мислеше до сега, пишува британски „Тајмс“.
Со оглед на тоа дека првиот меѓународен натпревар во фудбал одигран во 1872 година помеѓу репрезентациите на Англија и Шкотска, новите докази покажуваат дека ова игра во организирана форма се играла на британскиот двор уште во 15-от век.
Играчите како топка го користеле со кожа завиткан свински меур, а им било дозволено во текот на играта да ги користат само нозете.
Ричард Мекбрирти, кустос во Шкотскиот музеј за фудбал во Глазгов, пронашол и ракопис од шкотскиот крал
Џејмс 4, во кој се наведува дека во 1497 година платил два шилинга за вреќа со „ fut ballis“.
„Фудбалот во 19-ти век повеќе беше еволуција, отколку револуција“, вели Мекбрирти кој дошол до своето откритие средувајќи ги старите документи во Националната библиотека на Шкотска.
Во еден од пронајдените документи опишан е натпревар во кој учествувале 20 играчи, и кој во 1569 година е одигран пред кралицата
Елизабета Прва. Играчите со нога ја удирале топката на терен долг 50 метри, а стеблата од дрвата служеле како стативи.