Како и што најавија Ирачаните на дуелот со Шпанија одиграа максимално дефанзивно, 5-4-1 формација со класичен бункер. Мислеа само на сопствениот гол и единствено преку некои прекини беа “опасни“.

Затоа и Шпанија доста се мачеа да постигнат гол, но на крај сепак успеа во тие обиде преку Виља во 55-та минута. И уште еднаш левата страна беше критична. Капдевиља одлично нафрли на петерецот, Давид Виља осамен и не м беше тешко со глава да погоди за 1-0. Трета асистенција на капдевиља на овој турнир.
Со овој гол напаѓачот изби сам на второто место на вечната листа на стрелци кај “црвената фурија“.
Во првото полувреме Шпанците и немаа некоја посериозна шанса. Исклучок беше волејот на Виља во 23-та минута по едно убаво нафрлање на Серхио Рамос, но за малку беше непрецизен.
Во вториот дел Мата имаше две убави шанси, Торес една, Чаби Алонсо имаше неколку опасни удари, но резултатот остана непроменет.
Со оваа победа Шпанија има 14 по ред и се изедначи со Австралија, Бразил и Франција на врвот според овој параметар и потребна им е уште една победа за да имаат 15 и да бидат рекордери. Исто непобедливоста им порасна на 34 и таму им се поребни уште два натпревари без пораз за да бидат рекордери.
Од друга страна Ирачаните со овој минимален сега имаат големи шанси со победа над Нов Зеланд и да се пласираат во полуфинале, но за тоа ќе треба Јужна Африка да изгуби од Шпанија во последното коло, а и вечер Нов Зеланд да го изненади домаќинот или да загуби минимално.