Шампионот на Англија се вклучи во трката за услугите на репрезентативецот на Италија, кој речиси сигурно ќе ја напушти Фиорентина уште во јануари.
После италијанските гиганти, во игра за ангажирање на
Рикардо Монтоливо се вклучја и Манчестер Јунајтед и Арсенал. Актуелниот шампион на Англија се заинтересира за репрезентативецот на Италија чиј договор истекува следното лето и поради тоа веројатно нема да се продаде за реалната цена во јануари.
Со оглед на тоа дека тимот од Фиренца мора да го продаде ако сака да добие нешто за возврат, за очекување е дека нема да биде потребна висока понуда за да се дојде до него. Предност за Јунајтед, па и за Арсенал, е податокот дека управата на Фиорентина не сака да го продаде во конкурент од Серија А.