НБА флеш вести 17.06
17/06/2009 03:28


Крилото на Л.А.Лејкерс Тревор Ариза кој на 1 јули станува слободен агент изјави дека сака да остане во Лос Анѓелес.


Ариза заработуваше 3.1 милион долари годишно, но после одличните изданија сезонава, ако Лејкерс сакаат да го задржат ќе треба да му ја зголемат платата барем за плус 50-60 % на ова.


Би сакал да останам. Дефинитивно почуствува многу љубов тука. Парите се важни, нели затоа и играме, но јас создадов одични врски со моите тренери и соиграчи. Имаме навистина одличен тим и ќе останеме такви уште некое време.“


Во иста ситуација се наоѓа и Ламар Одом кој пак заработува 14.1 милион долари годишно. Исто неизвесно е дали Фил Џексон ќе биде на чело на “езерџиите“ и наредната година. Зенот нема мотиви после 10-та титула со која изби сам на врвот на најуспешни тренери во историјата на НБА. 


--------------------------------------------------------------------------------------


 


ABC Телевизијата соопшти дека гледаноста на НБА финалето оваа сезона опаднала за скоро 10%. 5-те натпревари кои биле пренесувани добиле рејтин 8.4 што е отприлика за 10% помалку од 9.3 рејтингот кој го имаше ланското финале меѓу Л.А.Лејкерс и Бостон.


Но кога ќе се спореди со гледаноста на финалето во кое играа Сан Антонио и Кливленд кое имаше 6.2 рејјтинг, ова финале беше навистина добро гледано.


--------------------------------------------------------------------------------------


 


Слично како и шампионите Лејкерс, исто и Орландо се соочува да изгуби еден играч од триото. Станува збор за Турчинот Туркоглу кој има опција да си ја откупи последната година од договорот и да го напушти Орландо.


Во наредната сезона би требало да земе 7.3 милион долари од својот 36 милионски договор(за 6 сезони), што во споредба со 118 милионските договори(за 6 сезони) на Луис и Хауард е ништо, а Турчинот одигра после Супермен најважна улога на теренот за Магичните.



Од управата сега се во мала паника, бидејќи знаат што ќе загубат со ова, па сакаат да го искористат правото на луксуз во овој случај и тоа би било за прв пат во нивната историја.


Исто се зборува дека можно е Алстон да ги напушти на почетокот на наредната сезона како дел од некоја размена и со тоа да се ослободи малку селари кап простор.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0320][74]