Дрогба бира меѓу Тотенхем и Баерн Минхен
11/10/2011 11:53
Дрогба бира меѓу Тотенхем и Баерн Минхен

Дидие Дрогба е подготвен да ги смени клупските бои веднаш по завршувањето на оваа сезона, иако менаџерот на Челси, Андре Виљас-Боаш, изрази подготвеност да му понуди на Дрогба нов двогодишен договор.

Но плановите на искусниот голгетер се сосема поинакви бидејќи е разочаран од влошените односи со управата на клубот, поради што веќе донел одлука следното лето сигурно да си замине од „Стемфорд Бриџ“.

Според информациите што доаѓаат од Англија, најблизу до услугите на Дидие Дрогба се наоѓаат премиерлигашот Тотенхем и германскиот гигант Баерн Минхен. Хари Реднап повеќе од една година се обидува да го доведе Дрогба на „Вајт Харт Лејн“, но сега има најголеми шанси да го реализира трансферот бидејќи црномурестиот голгетер е достапен без никаква отштета.

Во таква ситуација, Тотенхем следното лето не би го откупил договорот на Емануел Адебајор, туку би го ангажирал Дрогба како предводник на навалната линија. Слични планови имаат и челниците на Баерн Минхен, кои се подготвени да ја израмнат понудата на Тотенхем од плата од 100.000 евра неделно за да го убедат Дрогба својата кариера да ја продолжи во Бундес-лигата.

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0949][47]