Катастрофи на Спарс и Булс
24/04/2009 14:39

Јута(1) - Л.А.Лејкерс(2)     88 - 86


 


И двете екипи имаа по една четвртина. И двете екипи имаа двоцифрена предност во текот на натпреварот. Јута во прва четвртина +10(24-14), додека "езерџиите" во трета имаа +13(64-51).


Каква само завршница на овој натпревар. И тоа се се случуваше во последната минута. Најпрво Одом израмнува на 82-82 на 1:07  до крај, потоа Бузер на одлична асистенција од Дерон им носи пак +2 на 47сек до крај. Коби пак го изамнува резултатот. Го оставија сам. Потоа иде потегот на натпреварот. Бузер одлично го испилотира Гасол и оди на забивање преку Шпанецот и Одом. Во нападот на Лејкерс, Коби асистенција до Гасол и овој забива, 86-86 на 11сек до крај.


Последен напад за Јута, Вилијамс превзема одговорност, скок шут наназад и погодува за 88-86 на 2сек до истекот на времето. Сега коцката е кај Лејкерс, Коби ги решава натпреваите таму, но не и овој промашува за тројка и Јута намалува на 1-2 во серијата.


Катастрофално лошо одиграа бековите на Лејкерс. 13-56 шут од поле за нив. Го немаше Ариза како на претходните натпревари. Коби беше очеан 5-24 шут од поле. 36% шут за Лејкерс и дури 15 скокови повеќе за Јута.


Јута: Карлос Бузер 23п 22с, Дерон Вилијамс 13п 9ас, Рони Бруер 12п, Корвер 11п и Харпринг 10п


Л.А.Лејкерс: Ламар Одом 21п 14с, По Гасол 20п 9с и Коби 18п


 


Чикаго(1) - Бостон(2)     86 - 107


 


Катастрофа на Чикаго. Очигледно кај нив мора некој да се надмине себеси за да победат. Овојпат немаше таков во нивните редови. Овојпат Пол Пирс кого го немаше на претходните два натпревари уште од старт ја превзема одговорноста за својот тим. Пирс имаше 6-6 на стртот на натпреварот. Во прво полувреме имаше 18п со шут 7-9, кога ќе се додаде одличниот во серијва Рондо со 16п како и фантастичната, пожртвувана одбрана која ја играа Бостон не беше ни чудо што на полувреме заминаа со +22(59-37). Булс имаа само 32% шут со 14 изгубени топки од кои 5 имаше Дерек Роуз. Роуз и Гордон имаа 3-15 шут од поле во тој дел.


Во второто полувреме наместо Чикаго да ја подбори играта, Селтикс уште толку притиснаа и со тројките на Ален и Пирс отидоа на +26, за да некаде веднаш на стартот на последна да го имаат и највисокото водство од +33(96-63). Тогаш Док Риверс ја извади цела прва, веќе се беше решено.


 


Чикаго: Гордон 15п, Селмонс 14п и Кирк Хајнрих 14п


Бостон: Пирс 24п, Рондо 20п 11с 6ас, Ален 18п, Глен Дејвис 14п 9с и Марбери 13п


 


Далас(2) - Сан Антонио(1)     88 - 67


 


Катастрофа на Сан Антонио. Најмалку постигнати поени во нивната историја во плеј-оф натпреварите. Имаа мизерни 42п на стартот на четврта четвртина и негатива од 33п(75-42). Ако во последна четвртина останеа со првата постава Далас тоа ќе беше најголемиот срам што некогаш го доживеале Спарс. Данкан заврши со само 4п и 2с што е најмалку за него во неговата плеј-оф историја.


 


Далас: Новитцки 20п, Џош Хауард 17п, Бареа 13п, Бас 10п и Тери 10п


Сан Антонио: Паркер 12п и Фабрицио Оберто 10п

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0846][65]