Милан го нуди Јанкуловски + 10 милиони евра за Мексес
15/06/2009 14:39

Додека сите поголеми клубови се тепаат околу ангажманот на напаѓачи и играчи од средината на теренот, Росонерите како и секогаш гледаат прво да ја зацврстат одбраната, па потоа се останато.


После инкасирањето на 67-те милиони евра од трансферот на Кака би требало првата поголема инвестиција да им биде најголемата желба на Милан во одбраната, дефанзивецот на Рома Филип Мексес.



Французино лани одигра фантастична сезона. Годинава имаше нешто послаба, но интересот за него од големите клубови не спласна.


Знаејќи дека Рома нема толку лесно да се откажат од Мексес, а знаејќи исто дека Милан се најскржавиот клуб во светот, како што пишува sportmediaset.it Росонерите ќе пробаат со варијанта Јанкуловски + 10 милиони евра за францускиот репрезентативец.


Најголем проблем за реализација на овој трансфер би требало да биде платата на Чехот, но и малиот кеш кој го нуди Милан.


Со ангажман на Мексес би се комплетирала одбраната на Милан за наредната сезона. Досега купени се централниот Тјаго Силва и бекот Сисињо. Па со враќање на Неста повторно Росонерите би имале цврста и стабилна одбрана.

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0969][68]