Орландо (1) - Л.А.Лејкерс (4) 86 - 99
15-та титула за Лејкерс, 10-та на Фил Џексон, 4-та на Коби Брајант, прва на Коби без Шек во составот.
Тимот од Л.А беше главен конкурент за овој трофеј, особено после повредата на Гарнет во Бостон. На крај за Орландо излезе дека единствен начин да ги порази Лејкерс е да шутираат со над 60%. Претходно загуби еден натпревар од Јута, неочекувано три од Хјустон и два од Денвер во финалето на Западот.

Кога беше најпотребно “езерџиите“ изиграа и најдобро. Токму на овој натпревар го дадоа максимумот и ги направија Орландо очајни и тоа на свој терен. Фантастичен шут за три имаа во текот на целиот натпревар.
Хауард имаше проблеми со личните во третата четвртина, но “магичните“ и претходно беа како изгубени. По се изгледа притисокот да мора да победат си го направи своето. Повторно се обидуваа со шутот од далечина кој не им функционираше се до 5 минути пред крај, кога и не им значеше ама баш ништо, бидејќи Лејкерс веќе имаа набилдано разлика.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 2-та четвртина. За нешто помалку од три минути составот на Фил Џексон направи серија од 16-0 и го сврте резултатот и поведоа со 52-40.
Во третиот период Орландо намали на минус 5 (58-53), но Одом се јави со две тројки едноподруго и го уништи уште толку моралот на домашната екипа, па од овој момент бродот веќе почна да тоне уште побрзо и уште при крај на трета се знаеше кој е новиот шампион.
Со овој триумф оваа сезона, Лејкерс сега ја намалија на само две титули разликата со Бостон кои се лидери во НБА според бројот на титулите со 17. Ова им беше 30-то финале што е рекорд во НБА.
Последен пат на прстен се радуваа во сезоната 2001/02 кога со 4-0 го совладаа Њу Џерси.

Како што и се очекуваше титулата МВП на финалњата беше доделена на Коби Брајант што всушност му е и прва ваква титула и единствената која му недостасуваше во неговата кариера.
Сосема заслужено, во оваа, па и во претходната имавме еден нов Коби, вистински лидер на теренот кој не гледаше на своите статистики како порано, туку битен му беше тимот и победата со него.
Потегот на финалето!!!