Секси навивачка на Порто
15/06/2009 02:10



Катја Роча не е од оние девојки кои својот клуб го следат од удобни фотелји, туку секогаш е на трибините. Својата верност го докажа со бројните тетоважи со симболи од Порто. Погледнете ги!

Страста и емоциите со кои машката популација го бодри својот омилен клуб можат да бидат исто толку заразни и за девојките. Не е реткост меѓу поубавиот пол да пронајдете такви женски ’екстреми’ на кои за навивачката енергија би им позавиделе бројните жестоки момци со пивски стомак и без некој заб.


 




Една таква ја освои португалската јавност преку магазинот O Jogo, а нејзиното име е Катја Роча. Жешката навивачка на првакот Порто, редовно ги следи игрите на омилениот клуб од трибините, без разлика дали игра дома или во гости.


 




„Љубовта кон Порто е онаа која се раѓа за цел живот. Секој оваа љубов ја доживува на поразличен начин. Едните ги исполнуваат своите емоции пред телевизор, залегнати во удобните фотелји, додека други тоа го прават навивајќи на стадион“, рече атрактивната бринета за која клупски институции се Витор Баија и Рикардо Кварезма.


 




Португалката ја докажа својата приврзаност и со бројни тетоважи со симболи на клубот, на кои воглавно доминира ликот на змеј (стадионот на Порто се вика Драгао, а така се нарекуваат и фановите на Порто).


 




„Некои сметаат дека е доволно да го имаат клупскиот симбол на маичка, дрес, шал или некое друго парче облека и со тоа му оддаваат почест на клубот. Другите повеќе сакаат тетоважа како вечен знак за она што му значи најмногу на животот“, заклучи сексипилната Португалка.


 



 


 



 


извор: taratur.com

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0823][72]