Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола во интервју за „Скај Спорт“ изјави дека за него и неговата екипа е голема чест да играат против Милан на Сан Сиро.
Како што е веќе познато Барселона и Милан се заедно во групата Х во Лигата на Шампионите и ќе ги одмерат силите два пати оваа есен, а според
Гвардиола тоа ќе биде вистински спектакл.
„Милан е најуспешниот клуб во светот и натпреварот против нив ќе биде тежок. Мене и на мојата екипа ни преставува голема чест што ќе играме против Милан на Сан Сиро“, изјави Гвардиола.
„Кога освојуваш многу трофеи нормално е да си мислиш дека ќе следува пад. Меѓутоа ние сме Барселона и имаме играчи кои никогаш не се предаваат“, додаде каталонскиот стратег.