Неверојатно издание на Орландо, магична вечер за нив. “Магичните“ шутираа со неверојатни 62.5% низ целиот натпревар што претставува НБА рекорд кога станува збор за финалињата. Прва победа за нив во големите финалиња воопшто. Претходно од Хјустон изгубија со чисти 4-0.
Ова беше фантстичен натпревар. Натпревар за учебниците. Лејкерси покажаа дека имаат солиден напад т.е играчи кои подобро се снаоѓаат во нападот без оглед колку добро ќе изигра одбрана противникот над нив, а верујте Орландо одиграа одлична одбрана. И ако шут со над 60% е единствениот начин за победа тогаш тешко да се случи уште еден ваков натпревар.
Орландо играа мирно во нападот се одеше на шут од чиста позиција и таа тактика многу често ја имаше во нивните напади, лесни шутеви и положувања. Ван Ганди одлично ја простудирал играта на Лејкерс и постави добри напади за својот тим. Тоа резултираше со брилијантно шутирање во првото полувреме од 75% што исто е НБА рекорд во финалињата.

Може почетокот не навестуваше така, Орландо ги промаши првите три шута за три на стартот и потоа едноставно незнаеше да промаши. Не дека и Лејкерс не шутираа добро, нешто над 50%, а имаа околу 58% во првиот дел, но во второто полувреме малку паднаа.
Имаа шанса и за победа, за продолженија, но Коби ја изгуби топката т.е Пјетруш одигра добра одбрана на 28 секунди до крај при 104-102 за Орландо. Французинот ги погодува двете слободни 106-102 за Орландо. Во последниот напад Лејкерс промашија 4 шута за три, имаа исто толку офанзивни, но сепак не успеаа барем да се борат за продолженија.
Веднаш се гледа промена во играта на Орландо кога му оди на Рефер Алстон. Плејмејкерот на “магичните“ имаше 3-17 во првите две средби, а синоќа заврши со 8-12. Пјетруш покрај добрата одбрана одговори на предизвикот од Коби и одигра иодличен напад против него, 18п(7-11).
Орландо: Хауард 21п 14с, Луис 21п, Туркоглу 18п 7ас 6с, Алстон 20п и Пјетруш 18п
Л.А.Лејекрс: Коби Брајант 31п, Гасол 23п, Ариза 11п, Одом 11п и Фармар 11п