Турскиот гигант Бешикташ потврди дека го ангажирале португалскиот младински репрезентативец од редовите на Манчестер Јунајтед, Тијаго Мануел Диас Кореа, познат под прекарот Бебе.
Иако деталите се уште не се точно познати, се верува дека станува збор за едногодишна позајмица.
Овој крилен напаѓач не се изнаигра во првата сезона во клубот од Олд Трафорд и главно времето го мина настапувајќи за резервниот тим на ’црвените ѓаволи’, иако за него
Алекс Фергусон плати дури 9 милиони евра.
За едногодишна позајмица Бешикташ треба да му плати еден милион евра на Јунајтед. Бебе ќе стане четвртиот Португалец во редовите на составот од Истанбул по
Рикардо Кварезма, Хуго Алмеида и Симао Саброса.