Трампа на 76-ките со Торонто
10/06/2009 00:59


Екипите на Торонто и Филаделфија во пресрет на наредната сезона направија мала размена. Во 76-ките замина Џејсон Капоно, а кај Рапторс се пресели Реџи Еванс.


Капоно е двоен победник во шутирањето тројки на НБА ол-старите. Со што Торонто загубија добар шутер, но добија просечен пред се дефанзивен играч и со него го зголемија селари-капот за летото 2010 кога Бош станува слободен агент и многу е битно да можат што повеќе пари да му понудат за да остане во тимот.


Исто не се знае ни судбината на Шон Мерион кој е слободен агент сезонава и по се изгледа Рапторс нема да му го продолжат договорот.


Филаделфија со Капоно добива добар шутер од далечнина нешто што им фалеше сезонава, откако претходно се откажаа од Корвер кој е сличен профил со Капоно.


 


Другите вести пристигнуваат од Мајами каде управата на тимот ги продолжи договорите со крилата Дијавара и Џермејн О'Нил на уште една сезона. Екс-ѕвездата на Индијана ќе зема 23 милиони долари наредната сезона, а платата на Дијавара за 2009/10 ќе биде 900 000 долари.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0466][81]