Секој ден ширум Европа многу се шпекулира за трансфери на фудбалери, а еден од најактивените на трансфер пазарот досега е минхенски Баерн. Пристигнаа Ноер, Рафиња и Петерсен, а се чекааат уште и Боатенг, Видал и Усами.
После неуспешната сезона во која завршија како третопласирани во Бундес лигата, раководството на Баварците тргна во реконструкција на тимот со кој ќе атакуваат на нови трофеи во следната сезона.
Прв на Алианц арената пристигна брилјантниот ремански репрезентативен голман
Мануел Ноер од Шалке за 18 милиони евра. Приоритет на Баварците беше да се засили одбраната, а една од најголемите желби на Баерн беше
Фабио Коентрао, но високата цена од 30 милиони ги натера да се откажат, па на таа позиција го купија
Рафиња за 5,5 милиони евра.
Во нападот следната сезона ќе недостига
Мирослав Клосе, но на негово место веднаш беше доведен најдобриот стрелец од втората Бундес лига,
Нилс Петерсен кој од Котбус беше купен за 3 милиони евра.
На листата со желби се наоѓа
Артуро Видал од Леверкузен, кој би требало да биде замена за
Марк ван Болмел кој се пресели во Милан, како и
Жером Боатенг со кој веќе ги договорија личните услови и преостанува само уште да се договорат условите со Манчестер Сити.
Баварците се во потрага и по уште едно крило, а прв на мета е 19-годишниот Јапонец
Такаши Усами кој настапува за Гамба Осака, и според медиумите го делат само формалности од официјалното претставување во Минхен.