Воодушевен после синоќешното издание на својот тим како и од изданието на Зарате, претседателот на Лацио денеска замина на преговори во Катар. Според corrieredllosport, Лотито на Ал-Саад, споствениците на Аргентинецот ќе им понуди 18м евра.
"Ја започнувам мисијата Зарате. Ако одам во Катар одам за да го донесам Зарате тука во Рим. Како што тимот вчера изигра во купот на Италија, така треба да изиграм јас за опшеството."
"Ако април е месец на Зарате, тогаш мај ќе биде месецот на Делио Роси. Роси е дел од нашиот проект. Ако некој ми каже да го отпуштам него, јас ќе го тврдам спротивното."- изјави Лотито.
Лацио вчера се пласираше во финалето на купот на Италија. Последиот трофеј на Лацијалите беше токму во ова натпреваварување во сезоната 2003/04.