Видео: Мајами поведе во финалето на НБА
01/06/2011 11:25
Видео: Мајами поведе во финалето на НБА


Тимот на Мајами Хит го освои првиот натпревар од финалето на НБА лигата победувајќи над Далас Маверикс со 92:84 во својата „Американ Аирлајнс Арена“ во Јужна Флорида.

Со тоа ’жешките’ ги израдуваа своите верни фанови, кои ја исполнија арената и поведоа со 1:0 во серијата. Вториот натпревар ќе се одигра во четврток спроти петок со почеток од 03:00 часот по средноевропско време, повторно во Мајами.

Двата тима особено внимаваа на одбраната, а тоа се гледа и по бројот на постигнати поени, а клучни за победата беа проигрувањата на Вејд и Џејмс во последните минути, кои се покажаа како клучни за победата на домаќините.

Леброн заврши со 24 поени и 9 скокови, додека Вејд постигна дабл-дабл учинок од 22 поени и 10 скокови, при што имаше и 6 асистенции, третата ѕвезда Крис Бош заврши со 19 поени.

Дирк Новитски го заврши натпреварот со 27 поени и 8 скокови, Шон Мерион дополни 16 поени, а Џејсон Тери заврши со 12 при поразот на Далас.


Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0899][123]