Пелистер во полуфиналето, Амак поведе со 1-0!
23/04/2009 14:04

Екипата на Свислион Пелистер обезбеди полуфинале и дуел со најтрофејниот Македонски кошракрски колеткив, Фершпед Работнички. Битолчани со победа од 89-71 над Овче стигнаа до 2-0 и до прво за нив полуфинале во Мак. шампоинатот. Финалистите од овогодинешниот Куп лесно и очекувано ја помина екипата од Свети Николе и ја играат најдобрата сезона од како се натпреваруваат во Првата Лига. Домаќинот беше убедлив и заслужено поминува понатака. Наредната пречка за нив е екипата од "Градски Парк" која ја победи токму во полуфиналето на Купот. Дали ќе изнајдат сили и ќе го повторат успехот и во плеј одфот останувам да видиме. На вчерашниот натпревар, најдобар кошаркар кај домаќинот беше капитенот Зоран Петковски кој постигна 31 п. а имаше и голема подршка од искусниот Ѓорги Талевски кој забележа дабл дабал учинок од 20п. и 10 ск. 



Екипата на Овче Поле во својот прв настап, во историјата  во четвртфиналето, немаше сили за нешто повеќе. И ова што го направија до сега е одличен успех за младата екипа од Свети Николе која се појави на кошаркарската мапа сезонава и беше навистина големо освежување. Момците на Ангел Љутков имаа супер сезона. Влегоа во Супер Лигата, победија екипи како МзТ Скопје, Амак СП, а ги намачи Фени и  Работнички, се пласираа и во плеј офот, но тука заврши сонот на тимот на Овче Поле. Имаа негатива на старот од двомечот со Битолчани (1-0) и речиси беа без никакви шанси за некакво изненадување. Гостите беа надиграни во целост и освен интернационлецот Небојша Ристиќ, кој заврши со 26п и 8 ск, немаше никој расположен за надигрување со домаќинот. Па така завршува оваа сезона, успешна за Овче Поле, со надеж дека идната сезона ќе го повторат овој успех, а зошто да не стигнат и подалеку.


 


Пелистер - Овче Поле 89-71 (25-15;21-18;19-22;24-16)


 


Во вториот дуел од четвртфиналната програма, во Охрид, Амак СП го совлада МЗТ Скопје со 75-64 и поведе со 1-0. Домаќинот успеа да стигне до почетната победа и да го искористи домашниот терен на кој сезонава го има добиено 4 пати Скопскиот тим од 4 огиграни натпревари. Ако во случај на победа на Мзт Скопје на следниот дуел (сабота, Јане Сандански) тогаш завршниот натпревар одново се игра во "Билјанини Извори" каде што избраниците на Маријан Лазовски имаат 100% успех во дуелот со МзТ и нормално би биле во предност.


   


Вчерашниот натпревар беше цврст и доста изедначен. Имаше дури 13 промени на водството и 6 изедначувања. Ниту една екипа не успеа да направи по осетно водство, се некаде до крајот на 3-тата четвртина од како МЗТ направи одлична серија и поведе со +6. Тогаш на сцена стапува Американецот Џарид Фрај кој со една своја серија од 13 п, од вкупните 18, го врати тимот на Амак во игра, а потмогнат од серијата тројки на браќата Стојановски и да го превеземат водството. Рутинирано во последната четвртина не им дадоа шанса на "металците" да се вратат во игра и на крајот заслужено славеа победа изразена со 11 поени разлика. Главен фактор за триумфот на домашните беа скоковите кои одеа во прилог на домаќинот 35 - 21 а доминацијата под обрачите се гледа и во 30-те постигнати поени од ректот за Амак наспороти само 10-те на МЗТ. Фрај со 18 п и 7ск беше најдобриот поединец кај Охриѓани, а помош имаше и од србите Гамбирожа 13 п и Агоч 10 како и капитенот Ефтим Богоев кој уфрли 12п.


Гостите даваа отпор некаде до средината и крајот на 3-та четвртина, но фактот што ги загубија сите периоди укажува на тоа дека и не беа некоја опасност за Амак. Немаа игра под кошевите гостите. Аврамовски, првиот центар велзе во проблеми со личните грешки, додека Кралевски се уште се мачи со повредите (не играше) па затоа и МЗТ играше без класичен центар, на што се должи и доминацијата во рекетот, од страна на домаќинот. Искусниот Перо Блажевски, репрезентативецот Дарко Соколов и интернационалецот Милош Траиловиќ уфрлија по 12 п. а Аврамовски имаше 11 за нешто помалку од 20 мин. минати на паркетот. Потенката клупа дојде до израз, недостатокот на играчи во ротацијата и придонесот од клупата можеби беше  клучот за неуспехот на избраниците на Боби Митев, кој за многу кратко време со овој ростер направи чуда. Во третата четвртина дојдоа и на плус 6  но наместо да го дотолќат противникот, тие му дозволија да се врати во игра и да се одлепи на недостижна предност. Пробуваа после гостите со удари од лнијата 6,25 но едноставно не одеше.


Но ова не е крајот, има уште најмалку една средба на која работите може да се вратат на егал, па да одлучува мајсторката, и уверен сум дека МзТ нема да се предаде. Ништо не е загубено за "Аеродромците" затоа што наредниот натпревар се игра во "Јане Сандански" во сабота каде што во двата дуели одиграни сезоанва МЗТ на два пати го доби АМАК.


 


Амак СП - МЗТ Скопје 75-64 (17-17;23-18;19-17;16-12)

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0305][80]