Видео: Неверојатен пресврт, Далас на чекор до финалето
24/05/2011 14:54
Видео: Неверојатен пресврт, Далас на чекор до финалето


Кошаркарите на Далас Маверикс поведоа со 3-1 во финалето на плејофот во Западната конференција против Оклахома по триумфот од 112:105 во продолжението.

’Маверикс’ во последните пет минути од регуларниот дел влегоа со огромна негатива од 99:84 и се чинеше дека Оклахома ќе стигне до изедначување во серијата.

Но тогаш гостите од Далас направија серија од 17:2 и со двете погодени слободни фрлања на Новицки стигнаа до изедначување 101:101 и до продолжение. До првото водство составот на Рик Карлајл стигна со погодените слободни на Новицки по 16 секунди игра во продолжението и до крајот го задржаа водството.

Одличниот Германец Дирк Новицки мечот го заврши со 40 коша, од кои 12 постигнати во серијата од 17:2 која донесе продолжение за Маверикс. Џејсон Тери придодаде 20 поени, а Џејсон Кид реализира 17 поени, 7 асистенции, 5 скока и 4 украдени топки.

Во домашниот тим најрасположен беше Кевин Дурант со 29 коша и 15 скока, но со девет загубени топки. Расел Вестбрук уфрли 19 поени и 8 асистенции, а Серж Ибака 18 коша, 10 скока и 5 блокади.

Сепак и тоа не беше доволно Оклахома за прв пат да избегне два последователни порази на домашен терен во последните шест месеци.

Петтиот натпревар се игра во петок во Далас. Само две екипи успеале да ја надополнат негативата од 1-3 во историјата на НБА плејофот без предност од домашен терен во решавачкиот седми натпревар. Тоа се Хјустон во полуфиналето на Западот во 1995 година и Бостон во финалето на Истокот во 1968 година.


Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.1011][127]