Л.А.Лејкерс(2) - Орландо(0) 88 - 88 прод 101 - 96
Кошаркарите на Л.А.Лејкерс водат со 2-0 во големото финале со тимот на Орландо.
Секогаш кога некој тим поведувал со 2-0 во финалето во 94% од суелите на крај и ја освојувале НБА, а тоа е дефинитивно 100% кога станува збор за Фил Џексон. Досега “зенот“ нема загубено серија ако неговиот тим водел со 2-0.
Во еден крајно неизвесен натпревар на крај се радуваа “езерџиите“, а дефинитивно треба да жалат “магичните“.

Уште на почетокот се виде дека ова ќе биде сосема поразличен натпревар од првиот. Стен Ван Ганди како секој добар тренер си ја поправи грешката од првиот натпревар и сега скоро уште од старт започна со Микаел Пјетруш како чувар на Коби и тоа одлично функционираше.
Одлично функционираше и Рашард Луис кој со 20-те поени во првото полувреме ги одржуваше во игра Орландо.
Во вториот дел крилото на Орландо беше запрано, но запрани беа скоро сите кошаркари, бидејќи и двете страни одиграа неверојатна одбрана. Едноставно немаше загубени топки за никого и немаше лесни поени од никого. Хауард беше запрен, секогаш беше удвојуван и многу често и му беше крадена топката во моментите кога пилотираше под кошот.
Затоа и се влезе во една неизвесна завршница. Коби скоро цел натпревар беше мирен и се разбуди во последната четвртина. Во овој период постигна 11п.
Сепак “лузер“ на натпреварот е Кортни Ли. На 10сек до крај бекот на Орландо промашува положување при 88-88. Во нападот кој можеше да значи победа за Лејкерс уште во регуларниот дел. Туркоглу одигра фантастична одбрана над Коби и успеа да го залепи и да му ја украде токата, при што останаа уште 0.6 секунди до крај. Доволно да се организира напад. Ван Ганди создаде доста добар напад. Коби малку заспа во одбраната, одлично беше неурализиран од блокот на Рашард, Туркоглу брилијантно му асистираше на Кортни Ли кој од цепелин непречен од никого не успеа само да положи од табла. Неверојатно промашување.

И во продолжението Лејкерс го искористија подарокот и прилично лесно дојдоа до победата. Клучен беше кошот плус дополнително на Гасол за +6 на 1мин и 14сек до крај.
Овојпат Ван Ганди одлично го постави тимот и немаа само среќа и искуство на крај. Друга причина за поразот и не треба да се бара. Да, и лошото издаие на Рефер Алсотон и Џамир Нелсон. Може ќе треба да смени и уште една тактика, а тоа е личните грешки на Бајнам, бидејќи Лејкерс многу подобро играат со Одом во тимот, всушност тој беше и еден од најзаслужните за оваа победа на Л.А.
Сега серијата се сели во Орландо каде ќе се одиграат три натпревари по ред. Првиот е во среда наутро.
Л.А.Лејекрс: Коби 29п 8ас, Гасол 24п 10с, Ламар Одом 19п 8с и Дерек Фишер 12п
Орландо: Рашард Луис 34п 11с, Двајт Хауард 17п 16с 7из.топки и Туркоглу 22п