Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, Чикаго Булс со 103-82 го порази Мајами Хит во првиот натпревар од финалната серија во Источната конференција во НБА-лигата.
Во двобојот за титулата на истокот, прв меѓу овие два клуба по 1997 година, ’биковите’ со играта ги водушевија навивачите во “Јунајтед центарот”, а победата ја осигураа во третата четвртина, која ја добија со 31-19 и имаа серија од 10-0.
Најзаслужен за успехот беше крилниот центар Луол Денг, кој целосно го неутрализира најдобриот играч на гостинскиот тим, Леброн Џејмс. Британскиот репрезентативец средбата ја заврши со 21 поен, две асистенции и по 7 скокови и украдени топки. Џејмс постигна 15 коша, а погоди само пет од 15 упатени удари кон кошот.
Најпрецизен кај Чикаго беше најкорисниот играч (МВП) во НБА-лигата, Дерек Роуз со 28 поени и 6 асистенции, а Карлос Бузер средбата ја заврши со 14 коша. Најефикасен на теренот со 30 поени беше Крис Бош од Мајами, а Двејн Вејд постигна 18 коша.
Во финалето на Западната конференција ќе игра Оклахома .„ Громовите“ на домашен терен со 105-90 славеа над Мемфис во решавачкиот, седми натпревар од серијата прв до четири победи. Противник на Оклахома ќе и биде Далас, кој со 4-0 го збриша актуелниот шампион Лос Анџелес лејкерс.